1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски во јануарското празнично издание на општинскиот магазин на францускиот град Епинал:...

Коњановски во јануарското празнично издание на општинскиот магазин на францускиот град Епинал: Збратимувањето е пријателство што трае повеќе од половина век

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, е претставен во празничното јануарско издание на општинскиот магазин „Дестинација Епинал“ на францускиот град Епинал, каде што ја истакнува долгогодишната и плодна соработка меѓу двата збратимени града.
Битола и Епинал се збратимени уште од 1968 година, а, како што нагласува Коњановски, ова партнерство одамна ги надминало формалните рамки. „Збратимувањето не е само симбол или протокол, туку живо пријателство длабоко вкоренето во историјата, кое ги поврзува нашите граѓани преку културата, образованието, економијата и урбанистичкото планирање“, наведува тој.


Во текстот се потенцира дека преку оваа соработка македонската култура активно се промовира во Франција, додека француската културна естетика е присутна во Битола. Посебен акцент е ставен и на образовната размена, соработка меѓу средните училишта и учество во програмата „Еразмус+“.
Делегации од двата града традиционално присуствуваат на официјалните празници – „4 Ноември“ во Битола и „Денот на Свети Никола“ во Епинал, кои, според градоначалникот, се можност за конкретно продлабочување на врските, размена на идеи и иницијативи за нови заеднички проекти.


Коњановски говори и за инспирацијата од практиките во Епинал, како што се воведувањето велосипедски патеки за промоција на мека мобилност, формирањето меѓуопштинско јавно претпријатие за еколошки транспорт и развојот на проекти за млади, дигитална култура, еколошки иновации и уметнички резиденции. Во развој е и заеднички проект за креативна мобилност на уметници, кој ќе започне во Битола и ќе продолжи во Епинал.


Како клучен момент во партнерството се издвојува отворањето на францускиот почесен конзулат во Битола во 1996 година, кога за почесен конзул беше именувана Калиопа Кривашија-Стилиновиќ. Во магазинот се споменуваат и други личности кои низ годините придонеле за одржување и унапредување на пријателските врски меѓу двата града.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img