7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски со развојна програма вредна 1,8 милијарди денари: најавени големи капитални проекти...

Коњановски со развојна програма вредна 1,8 милијарди денари: најавени големи капитални проекти за Битола во 2026 година

- Advertisement -spot_img

На седницата на Советот на Општина Битола, на која беше усвоен Буџетот за 2026 година, градоначалникот Тони Коњановски ги презентираше тековните и идните проекти што ќе се реализираат во наредниот период.
Тригодишната развојна програма на општината, со последните измени, изнесува 1.845.013.734 денари и опфаќа низа капитални инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, сообраќајот и комуналните системи.
Инфраструктура и сообраќај


Според најавите, во 2026 година се планирани:
53 реконструкции на коловози, односно улици и локални патишта во градот и населените места;
Изградба на шест нови паркинг-простори, кои ќе се лоцираат кај „Овчи пазар“, „Ат пазар“, комплексот болници, на улицата „Браќа Џаферови“, зад зградата позната како „Кифлата“ и кај локацијата наречена „Хеликоптерот“.


Во делот на сообраќајната инфраструктура, планирано е поставување семафори на пешачките премини кај „Камен мост“ и „Епинал“; поставување хидраулични столбчиња во Старата чаршија.


Спорт и рекреација
Во програмата за спорт и рекреација се вклучени: изработка на проектна документација за мултифункционален спортски комплекс; изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“;
изработка на физибилити студија за гондола;
изградба на центар за спорт и рекреативни активности.


Јавно осветлување
Планирани се инвестиции во јавното осветлување на повеќе локации, меѓу кои улиците „Довлеџик“, „8 Септември“, „Никола Тесла“, „11 Март“, „Панде Николов“, во АРМ – четврт 1, кај комплексот болници и уште пет други улици.


Образование и спортска инфраструктура
Во основното образование се најавува:
реконструкција на спортската сала во Бистрица; изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште во Долно Оризари и ОУ „Тодор Ангелевски“;
изградба на шест нови спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“, училиштето во Раштани, поранешното турско училиште „Гоце Делчев“ и „Тодор Ангелевски“;
реконструкција на три постојни игралишта во „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“ и „Ѓорги Сугарев“.


Комунални и други капитални проекти
Програмата опфаќа изградба и реконструкција на системи за одведување и прочистување отпадни води на 25 локации;
изградба и реконструкција на водоснабдителни системи на 25 локации;
продолжување на изградбата на детска градинка во АРМ и доизградба на противпожарната зграда.


Градоначалникот Коњановски истакна дека паралелно се работи и на други значајни проекти, меѓу кои и новиот Генерален урбанистички план (ГУП), за кој изрази очекување дека наскоро ќе биде донесен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img