-7.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски со честитка за планинарите од "Први на Први" - Пелистер е...

Коњановски со честитка за планинарите од “Први на Први” – Пелистер е симбол на заедништво, храброст и нови почетоци

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со планинарите кои учествуваа на традиционалниот новогодишен настан „Први на Први“, организиран од ЗПСК „Олимпус Монс“, со поддршка на Општина Битола. Оваа година, по петти пат, беше реализирано искачувањето на врвот Пелистер (2601 мнв) на 1 јануари 2026 година, како дел од програмата „Зимска приказна“.


Настанот традиционално започнува една минута по полноќ од Инфоцентарот на Националниот парк „Пелистер“ (1360 мнв), со цел првото изгрејсонце во новата година да се дочека на највисокиот врв на планината. Покрај симболиката, настанот има и силна промотивна улога за туристичкиот потенцијал на Битола и Македонија, како и за поттикнување на здрав начин на живот и активен престој во природа.


Годинава, на искачувањето учествуваа околу 50 планинари од 10 градови од Македонија, како и учесници од Црна Гора и Германија. Искачувањето се одвивало во исклучително тешки временски услови, со температури до -28 степени Целзиусови и силен ветер од околу 50 километри на час.
Посебен момент на настанот беше запросувањето на врвот Пелистер, кога Дарио Петровски ѝ предложи брак на својата сакана Мишела Панајотова, искористувајќи го магичното изгрејсонце како симбол на нов почеток.


По изгрејсонцето, учесниците безбедно се спуштиле назад кон Инфоцентарот, каде што ги пречека градоначалникот Коњановски. Тој им ги честиташе новогодишните празници и упати благодарност за нивната посветеност и придонес во промоцијата на планинарството и природните убавини на Битола.


Градоначалникот Коњановски и директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, упатија заедничка новогодишна честитка до граѓаните на Битола и цела Македонија, а на Дарио и Мишела им посакаа среќа и вечна љубов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img