6.8 C
Skopje
7 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски со јасна порака: За чист регион потребни се заеднички и одржливи...

Коњановски со јасна порака: За чист регион потребни се заеднички и одржливи решенија

- Advertisement -spot_img

Во Битола денеска беше испорачана и промовирана нова опрема за управување со цврст отпад, составена од 16 возила и голем број контејнери и канти, наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот Регион. Опремата е дел од регионалниот проект за интегрирано управување со отпад.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со оваа опрема се подготвува системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Тој нагласи дека проектот предвидува изградба на три регионални санитарни депонии на државно ниво, санација и затворање на постојните нестандардни депонии, како и набавка на механизација за собирање и транспорт на отпад за пет плански региони.

Новиот министер за животна средина Муамед Хоџа истакна дека со инвестиција од околу 11 милиони евра, современиот модел за управување со отпад ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини. Според него, 2026 година е клучна за поставување на инфраструктурата, при што во тек се постапки за регионалните депонии во Пелагонискиот и Југозападниот Регион, Русино во Полошкиот Регион и Свети Николе за Североисточниот и Источниот Регион.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, нагласи дека Општина Битола ја поддржува оваа одлука, бидејќи само преку заеднички и регионални решенија може да се обезбеди чиста и здрава животна средина.

Градоначалникот на Новаци и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад, Стевче Стевановски, истакна дека регионалната депонија ќе работи според највисоки еколошки стандарди, со постојана контрола, мониторинг и безбедност, при што ќе се затвори и санира постојната депонија во Мегленци, која со години претставува еколошки проблем за жителите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img