Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, синоќа присуствуваше на празничниот концерт на народни и црковни божиќни напеви „Свет, Свет, Свет“, кој се одржа во духот на чествувањето на Христовото раѓање.

Концертот годинава се реализираше по втор пат, во организација на Општина Битола, Центар за култура Битола и Културен и информативен центар. Како што истакна Коњановски, постои уверување дека овој настан ќе прерасне во убава празнична традиција за градот.

„Привилегија за сите нас беше да ги слушаме народните и црковните божиќни напеви и да ја почувствуваме празничната атмосфера“, порача градоначалникот, упатувајќи честитки до граѓаните.

Со концертот „Свет, Свет, Свет“, Битола уште еднаш ја потврди својата посветеност кон негување на духовните и културните вредности, испраќајќи порака на заедништво и празнична радост.









