5.8 C
Skopje
25 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски на средба со Регионалната стопанска комора: Заеднички чекори за економски развој...

Коњановски на средба со Регионалната стопанска комора: Заеднички чекори за економски развој на регионот

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на Регионална стопанска комора – Битола.
На средбата беа разгледани резултатите од работењето на Регионалната стопанска комора во текот на 2025 година, како и предлог-програмата за активности и проекти планирани за 2026 година, со фокус на унапредување на економската клима во регионот.

Градоначалникот Коњановски имаше можност директно да се запознае со предлозите и иницијативите на стопанствениците насочени кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и Преспанскиот регион, како и со потенцијалните заеднички проекти меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата.
На средбата уште еднаш беше потенцирана важноста на долгогодишната и континуирана соработка меѓу Општина Битола и Регионалната стопанска комора, која се оценува како клучен фактор за создавање поволна деловна средина, отворање нови работни места и одржлив регионален развој.


Од Општина Битола истакнаа дека ваквите средби се значајни за координирано планирање и реализација на политики кои ќе придонесат за зајакнување на локалната економија и подобар квалитет на живот за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img