домаМакедонијаКоњановски: Младите преку тимска креативност ја обликуваат современата уметничка сцена

Коњановски: Младите преку тимска креативност ја обликуваат современата уметничка сцена

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски присуствуваше на официјалното отворање на „Живо атеље“, како втора фаза од проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, интердисциплинарна ликовна иницијатива која ги обединува едукацијата, креативниот процес и изложбената дејност.

Проектот има за цел да го доближи создавањето на уметничкото дело до пошироката јавност, изнесувајќи го процесот од училишните кабинети во галерискиот простор, со што се овозможува директен увид во уметничкото творење.

За разлика од класичните конкурси, иницијативата предвидува формирање уметнички тимови составени од по пет ученици, кои заеднички создаваат едно монументално дело – полиптих на тема „Звуците на Офицерски“. Секој ученик работи на свој дел со сопствен ликовен израз, техника и стил, но крајниот резултат треба да претставува хармонична и естетски поврзана целина.

Проектот се реализира во три фази. Во првата беше спроведен јавен конкурс и избор на учесници. Втората фаза, која е во тек, претставува тринеделно уметничко атеље во кое учениците творат со поддршка на менторите Ангела Каранфилова и Љубица М. Солак. Третата фаза ќе биде свечена изложба на создадените дела.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img