домаМакедонијаКоњановски: Градежната офанзива во Битола продолжува со засилено темпо и нови капитални...

Коњановски: Градежната офанзива во Битола продолжува со засилено темпо и нови капитални проекти

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола истакна дека усвојувањето на ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година ќе обезбеди континуитет во реализацијата на тековните и планираните проекти.

Тој посочи дека општината се наоѓа на половина од 2026 година со видливи резултати на терен, како и со повеќе предизвици кои биле успешно надминати, нагласувајќи дека клучно е да нема застои во изведбата на проектите и активностите.

Коњановски информираше дека со поддршка од Владата се реализираат околу 80 проекти, што, како што рече, ја потврдува интензивната градежна активност во градот. Тој додаде дека ребалансот предвидува проширување на буџетската рамка и зголемување на средствата за повеќе програми и сектори.

Во делот на измените, посебно ги истакна програмите за образование, животна средина, економски развој и инфраструктура, при што најави инвестиции во енергетска ефикасност, локални патишта, водоснабдување и канализациони системи.

Како значајни капитални проекти ги наведе изградбата на боксерска сала, новата противпожарна зграда, градинките кај ОУ „Климент Охридски“ и во АРМ, како и повеќе други инфраструктурни зафати кои се во завршна или напредна фаза.

Тој се осврна и на уредувањето на булеварскиот влез во Битола, проектите за паркиралишта во централното градско подрачје, како и активностите поврзани со сообраќајниот режим и пешачките зони.

Посебно беше нагласено и планираното вложување во електрични велосипеди, со цел развој на концептот Битола како „вело град“, како и проектите за подобрување на водоснабдувањето, особено во руралните средини.

Коњановски додаде дека во тек се и активности за реконструкција и изградба на повеќе училишни и спортски објекти, како и уредување на нови паркинг простори во градот.

„Ребалансот на буџетот значи поддршка за реализацијата на сите тековни и идни проекти и развојни планови на Битола“, порача Коњановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img