HomeМакедонијаКоњановски домаќин на шведскиот амбасадор Ола Сулстром – фокус на развој, култура...

Коњановски домаќин на шведскиот амбасадор Ола Сулстром – фокус на развој, култура и европски вредности

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари срдечна средба со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, Ола Сулстром, кој престојува во официјална посета на општината.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, како и за можностите за нивно унапредување на локално ниво. Коњановски го запозна амбасадорот со Битола, градот со богата историја и култура, туристичките потенцијали, природните убавини под Пелистер, како и економските можности кои ги нуди општината за домашни и странски инвеститори.

Во рамки на посетата, градоначалникот и амбасадорот денеска ќе бидат говорници на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), на тема „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“.

На крајот од средбата, Коњановски му врачи пригоден подарок на шведскиот дипломат, кој се заблагодари за гостопримството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img