5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски до бруцошите: Техничкиот факултет Битола е мотор на развојот

Коњановски до бруцошите: Техничкиот факултет Битола е мотор на развојот

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, денес им се обрати на бруцошите на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на покана од деканот Митко Костов.

„Високото образование не е само фаза од животниот пат – тоа е највредниот влог што можеме да го направиме во нашите деца, во нашата заедница и во нашата држава. Универзитетите создаваат критички мислители, иноватори и лидери кои ќе го водат општеството напред,“ истакна Коњановски во своето обраќање.

Тој нагласи дека Техничкиот факултет, како најстара образовна единица на битолскиот универзитет, е темел на техничкиот развој и мотор на иновативните процеси во земјата.

„Во време кога дигитализацијата, автоматизацијата и технолошките иновации го обликуваат секој аспект од нашето живеење, потребата од инженери, технолози и истражувачи е поголема од било кога. Токму тука се создаваат професионалци кои ќе ја движат економијата и ќе ја градат енергетската иднина,“ додаде тој.

Коњановски ги охрабри младите да го изберат патот на техничките науки, посакувајќи им успешна академска година исполнета со нови знаења, пријателства и достигнувања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img