одржување на голем број меѓународни спортски настани и надградба на спортските капацитети. Создадовме културни брендови, препознатливи не само во регионот, туку и надвор од државата. Тука е Зимската приказна, Битфест, гостување на врвни музички, театарски и уметнички имиња. Ќе го јакнеме веќе создадениот квалитет, надградувајќи го со уште поволеми културни вредности.
Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ќе го поддржиме локалниот економски развој и новите работни места, преку партнерство и соработка со бизнис секторот.
Драги битолчани,
Јас верувам во Битола. Верувам во нејзината иднина. Верувам во решителноста да создадеме уште поубав живот овде, дома.Нашата визија за Битола не е само ветување, визијата веќе се остварува. Секој проект, секоја улица, секоја нова можност е доказ дека заедно можеме многу.
Ве поканувам повторно да тргнеме по истиот пат на развој, современост и достоинствен живот. Со вашата доверба, со нашето заедничко залагање, Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме.
Заедно, со Вашата поддршка, да ја напишеме следната, најубава страница од приказната наречена Битола.









