Стотици повредени по вчерашните протести во Белград и Нови Сад каде се судрија студентите, поддржувачите на СНС и српските безбедносни служби.
Според информациите кои доаѓаат од нашиот северен сосед, и снимките објавени на социјалните медиуми поддржувачите на српскиот претседател користеле пиротехнички сретства во разбивање на демонстрантите за што имала пасивна реакција од страна на полицијата.
Од студенската организација Студентите на блокада преку објава на социјалните медиуми ја обвинија власта дека за намерна ескалација на конфликтот и обид за предизвикување граѓанска војна. Во нивната објава, студентите тврдат дека властите ги идентификувале граѓаните и студентите како главни виновници, додека претседателот јавно најавил „чистка“, отфрлајќи го дијалогот како опција.
– Полицијата повторно го заштити режимските лојалисти кои фрлаа предмети и користеа пиротехника кон демонстрантите. Пред народот излегоа со пиштол, но нема да им дозволиме да продолжат да ги уништуваат човечките животи. – стои во објавата.
За Вучиќ протестите се организирани од бандити и убијци, кои нема да бидат поштедени од лицето на правдата.
Александар Вучиќ, претседател на Србија
„Ние вечерва избегнавме катастрофално сценарио кое однапред е испланирано од надвор и најкорумпираните внатрешни предавници кои не бираат средства како некого да го поврдат. Ќе ви повторам, само во просториите на СНС на булеварот Слобода повредени се 64 луѓе, пливаат во крв, само тоа да го имате во увид, но ве уверувам нема да дозволиме фашизмот да земе замав, ќе ги запреме бандитите и убијците“ изјави Вучиќ
Од опозициското движење Крени-Промени му одговорија на претседателот дека токму поддржувачите на владејачката партија се директни виновници за насилството, а најавија кривични пријави против министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, како и против повеќе лица, кои, како што објави движењето, нападнале граѓани со камења и пиротехнички средства за време на протестите во Врбас и Бачки Петровац, како и во Нови Сад.
Креми-Промени
„Кривичните пријави вклучуваат и лица кои раководеле со полициските сили, кои не ги спречиле нападите, туку, напротив, ги обезбедувале напаѓачи од просториите на Српската напредна партија (СНС)“, прецизират од движењето.
Се огласи и самиот министер Дачиќ кој нагласи дека реакциајта на полицијата и безбедносните сили спречиле поголеми последици кои можеле да чинат и човечки животи…
Александар Дачиќ, министер за внатрешни работи…
„Улогата на полицијата е да го зачува јавниот ред и мир да ја заштити безбедноста на сите граѓани, и ги предупредуваме сите да го почитуваат законот и против сите тие кои се огрешиле пред правдата ќе одговараат, повторувам безбедносните служби се должни да ги заштитат граѓаните и нивните реакции од вчера спречизагуба и на човечки животи… изјави Дачиќ…
Инаку, вчеравечер најдраматично беше во Нови Сад и Белград, а со реакции во јавноста се огласија и од Обединетите нации кои ги осудија постапките на српските власти оценувајќи ги како обид за замолчување на народот.









