Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски.
Новиот министер за земјоделство, кој доаѓа на местото на Цветан Трипуновски, ја поседува фирмата Тринити Енерџи, компанија која пред истекот на 2025 доби лиценца за пробна работа на фотоцентрала во светиниколско со капацитет од околу 3,5 мегавати, што е прилично голема моќност за македонски стандарди.
Тринити Енерџи е фирма од Скопје регистрирана во 2024 во единствена сопственост на претседателот на ЗНАМ Свети Николе. Професорот беше заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет, а потоа и раководител на Великотрновски Универзитет “Св.Св.Кирил и Методиј”. До сега беше државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Димитриевски вчера информираше дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.








