Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари посета на Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола, каде од раководството беше запознат со условите за сместување и услугите што оваа установа ги обезбедува за корисниците.

Во рамки на посетата, градоначалникот поразговара со лицата сместени во домот и им ги честиташе новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им добро здравје, мир и пријатни празнични денови.

Од Општина Битола информираат дека ваквите посети се дел од континуираната грижа и внимание што локалната самоуправа ја посветува на повозрасните граѓани. Како што е наведено, градоначалникот традиционално го посетува Домот за стари лица „Сју Рајдер“ за време на поголемите празници, со цел да упати поддршка и да оствари директен контакт со корисниците и вработените во установата.
Посетата беше оценета како гест на внимание и почит кон повозрасната популација, која претставува важен дел од заедницата во Битола.







