HomeМакедонијаКоњановски: Учениците и наставниот кадар од „Коле Канински“ добиваат подобрени хигиенски ...

Коњановски: Учениците и наставниот кадар од „Коле Канински“ добиваат подобрени хигиенски услови

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи стандарди за хигиена за учениците и вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет.

Реконструкцијата опфаќа двата блока на училиштето, вклучувајќи подрум, приземје и кат. Во подрумскиот дел на првиот блок ќе бидат обновени машки и женски тоалет, со по 3 и 5 кабини, како и засебен тоалет за лица со инвалидитет. Во вториот блок подрумските тоалети ќе имаат по 3 кабини за машки и женски. На приземје, во едниот блок, ќе бидат по 5 кабини за секој пол, а во другиот по 3 кабини. На катот, првиот блок ќе има по 5 кабини, а другиот по 3, за машки и женски тоалети.

Проектот исто така предвидува реновирање на тоалетите за вработените, со целосна промена на водоводната и одводната мрежа.

Вкупно, ќе се реконструираат 51 тоалет, а инвестицијата изнесува 7.489.991 денар, обезбедени од буџетот на Општина Битола

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img