HomeМакедонијаКоњановски: Поголема сигурност во сообраќајот со нови пешачки патеки низ градот

Коњановски: Поголема сигурност во сообраќајот со нови пешачки патеки низ градот

- Advertisement -spot_img

Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“, постави физички пречки – столпчиња – со цел да се означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“, која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина.

Со новите мерки, паркирањето на автомобили што го попречуваа движењето на пешаците е забрането, а улицата е организирана како еднонасочна. Вертикалната и хоризонталната сигнализација дополнително го обезбедуваат непреченото движење на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека со ова се зголемува безбедноста на пешаците и се подобрува урбаната мобилност во централното подрачје на Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img