1.8 C
Skopje
18 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски од Баба Планина: Битола подготвена за зимска туристичка сезона

Коњановски од Баба Планина: Битола подготвена за зимска туристичка сезона

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ски терените кај Нижеполе, каде денеска имаше посетители кои уживаат во убавината на планинските предели.

Како што веќе беше објавено Општина Битола и меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината пиејќи топол чај.

Ски центарот „Стрежево“ за сите деца обезбедува бесплатен чај.

Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img