HomeМакедонијаКоњановски испрати порака за соживот од битолското муфтиство по повод Рамазан Бајрам

Коњановски испрати порака за соживот од битолското муфтиство по повод Рамазан Бајрам

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава.

Коњановски изрази благодарност за поканата и упати честитки по повод големиот муслимански празник, посакувајќи здравје, мир и благосостојба за сите граѓани.

Во срдечна атмосфера, соговорниците разговарале за значењето на празникот, како и за актуелните состојби во градот и проектите кои се реализираат во интерес на граѓаните.

Битолското муфтиство и оваа година ја продолжи традицијата, при што пред своите простории во Старата чаршија беа послужени посетителите со баклава по повод Рамазан Бајрам.

Минатата недела, градоначалникот Коњановски организираше и традиционална ифтарска вечера, со што уште еднаш се потврдува заложбата за негување на меѓусебната почит и соживот во општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img