HomeМакедонијаКоњановски го започнува проектот за гондола на „Пелистер“

Коњановски го започнува проектот за гондола на „Пелистер“

- Advertisement -spot_img

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за изградба на гондолската жичница на Пелистер, проект кој локалната самоуправа го оценува како стратешки за развојот на туризмот во Битола и регионот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека овој чекор претставува значајно движење напред во насока на реализација на еден од најважните планови за подобрување на туристичката понуда на националниот парк.

„Со потпишувањето на договорот се отвора патот кон конкретизација на проектот. Во текот на месец декември ќе следуваат активности за вклучување на сите засегнати страни: институции, експерти и граѓани, со цел заеднички да го обликуваме овој проект“, изјави Коњановски.

Гондолата на Пелистер се смета за долгогодишна желба на локалната заедница и туристичкиот сектор, со очекување дека ќе придонесе кон зголемена посетеност, нови содржини и подобрена пристапност до планинските атракции.

Проектот се наоѓа во фаза на анализи и процени, по чие завршување ќе се пристапи кон следните чекори за негова реализација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img