0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeШоубизКлинт Иствуд ја одби улогата во познат вестерн затоа што не му...

Клинт Иствуд ја одби улогата во познат вестерн затоа што не му се допаднало сценариото

- Advertisement -spot_img

Иако го направил тоа уште на почетокот на својата кариера, што не му се исплатило, улогата во серијата Rawhide го научила дека патот до врвот во Холивуд е полн со предизвици.

Откако Трилогијата за долари на Серџо Леоне стана меѓународна сензација, Иствуд знаел дека следниот проект ќе биде клучен за неговата кариера. Првиот филм по славната трилогија требало да биде уште еден вестер, Hang ’Em High (Обесете го без милост), режиран од Тед Пост.

Иствуд имал можност да избере помеѓу два вестерна. Вториот филм, Mackenna’s Gold, имал поголем буџет и попознати актери, но Иствуд почувствувал дека сценариото не е доволно квалитетно. „Просто не ми се допадна сценариото“, признал тој. На крајот, улогата на Сем Макена ја прифатил Грегори Пек, откако ја одбиле и Стив Меквин и самиот Иствуд.

Hang ’Em High ја раскажува приказната за поранешниот шериф Џед Купер, кој е неправедно обвинет и обесен. По преживувањето на линчот, тој станува федерален маршал и тргнува по оние кои се обиделе да го убијат, соочувајќи се со границата помеѓу правдата и одмаздата.

Иствуд објаснил дека инстинктот го водел кон сценарио со помала улога, но со поголема вредност. Како што се покажало, неговата проценка била точна: Hang ’Em High ги врати вложените средства скоро десеткратно на благајните, додека Mackenna’s Gold доживеа неуспех во САД.

Овој избор бил пресуден за кариерата на Иствуд, бидејќи Hang ’Em High се прикажувал во исто време со трилогијата на Леоне, а Холивуд почнал да ја препознава вистинската актерска вредност на Клинт Иствуд.

Извор: Index.hr

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img