домаМакедонијаКлековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и...

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

- Advertisement -spot_img

Современа модулаторна терапија за цистична фиброза во земјава во моментов примаат 126 пациенти, вклучително и деца над двегодишна возраст, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски посочи дека бројот на пациенти опфатени со оваа терапија постепено се зголемувал во изминатите години. Почетоците на напорите за дијагностицирање и генетска дијагностика датираат од пред девет години, додека терапијата за првпат била воведена во 2021 година, кога биле опфатени три пациенти.

„Од почетните напори за дијагностицирање, за генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три скромни случаи, стигнавме до 126 годинава“, рече Клековски на прес-конференција.

Тој нагласи дека станува збор за медицински оправдани случаи и дека со терапијата се опфатени пациентите од двегодишна возраст нагоре.

Според податоците што ги презентираше министерот, проширувањето на пристапот до современата терапија претставува резултат на повеќегодишниот процес на унапредување на дијагностиката и генетското тестирање кај пациентите со цистична фиброза.

Фики Гаспар, претставник на Здружението на лица со цистична фиброза на прес-конференцијата истакна дека по долгогодишна борба е постигната најважната цел за пациентите – достапност на терапијата и за најмладите пациенти.

Клековски рече дека многу напредок постигнале со уште една група, пациентите со мултиплекс склероза, каде веќе нема листи на чекање и дека целта на оваа Влада и на ова Министерство за здравство ќе биде секаде каде има докази за резултатите на третманот да нема листи за чекање, бидејќи станува збор за третмани кои го менуваат животот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img