домаМакедонијаЈанкуловски и Манолева во трката за претседател на Лекарска комора

Јанкуловски и Манолева во трката за претседател на Лекарска комора

- Advertisement -spot_img

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски и екс директорката на физикална медицина и рехабилитација Маја Манолева влегуваат во трката за нов претседател на Лекарската комора, откако веќе неколку месеци е изминат вториот четиригодишен мандат на доктор Калина Гривчева-Старделова, неофицијално дознава „Фокус“.

Манолева беше дел од раководството на Комората во два мандати како потпретседател за секундарно здравство, иако таа работи во терцијарно здравство, поточно како доктор на скопската Клиника за физикална медицина и рехабилитацџија, каде што претходно со години беше директор.

Според нашите информации, општинските одбори од сите градови на 7 октомври на тајно гласање избираат 80 делегати, кои подоцна се закажува нов датум на кој треба да се избере новиот претседател на Лекарската комора, чиј мандат трае четири години и има право да конкурира за само уште еден мандат.

Во меѓувреме, „владеењето“ на доктор Гривчева-Старделова заврши уште на 1 јули, па под знам прашалник се става начинот на кој функционира Лекарската комора. Тоа значи дека ако сите дипломирани студенти по медицина во последните неколку месеци кои треба да полагаат стручен испит за да добијат лиценца полагаат пред Комисија во Лекарската комора, која сега по завршувањето на мандатот не се знае дали е законска или не.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img