Интер има мисија да ја одбрани титулата освоена минатата сезона во Серија А. Нераѕурите почнаа со победа во првото коло, а денеска играат против Калјари на гостински терен. Во пресрет на овој дуел, тренерот на Нераѕурите, Кристијан Киву, рече дека неговиот тим сè уште има „многу простор за подобрување“ додека се обидува да ја одбрани титулата во Серија А.
„Знаевме дека сè уште не сме физички во најдобра форма и секогаш се обидуваме да се подобриме. Имавме некои проблеми против Монца и ни недостасуваше техничка острина и индивидуално и колективно. Водството на почетокот на второто полувреме ни помогна да ја вратиме смиреноста и да ја преземеме контролата врз играта. Задоволен сум од начинот на кој моите играчи тренираа и посветеноста што ја покажаа оние кои беа на Светското првенство и се вратија рано. Ова е добра група момци и состав кој одржува многу високо ниво во текот на годините. Верувам во нив и сè уште има многу простор за подобрување“, “, рече Киву, пред денешниот дуел на гостински терен.






