HomeМакедонијаКекеновски за новиот јавен обвинител: Конечно на оваа позиција дојде човек што...

Кекеновски за новиот јавен обвинител: Конечно на оваа позиција дојде човек што не е близок со ниту една политичка партија, ниту пак ќе им се додворува

- Advertisement -spot_img

Професорот Јове Кекеновски смета дека изборот на новиот јавен обвинител отвора можност за поголема независност во работењето на обвинителството, но додава дека вистинскиот интегритет и непристрасност ќе може да се оценат дури со текот на времето.

Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Кекеновски изјави дека јавноста очекува на чело на обвинителството да застане личност која нема партиски врски и која нема да работи во интерес на политичките структури.

„Сите очекуваме непартиски човек. Според она што го слушаме и следиме во медиумите, навистина станува збор за личност која не е блиска со ниту една политичка партија. Конечно на оваа позиција дојде човек кој нема да се додворува на политичките партии и нема да им служи, како што тоа, за жал, го правеа многумина во минатото“, рече Кекеновски.

Сепак, професорот изрази одреден скептицизам околу тоа колку новиот јавен обвинител ќе може да ја задржи целосната независност, посочувајќи дека законските решенија за избор на оваа функција се рестриктивни и го ограничуваат кругот на кандидати.

Според него, фактот што изборот најчесто доаѓа од редовите на судиите или обвинителите може да претставува предизвик, имајќи предвид дека токму тие структури се дел од системот кој со години се соочува со критики за нарушен авторитет.

Кекеновски потсети дека во јавноста долго време се зборува за различни влијанија, кланови и неформални релации меѓу дел од судиите и обвинителите, што, како што вели, ја намалува довербата во правосудниот систем.

„Колку ќе успее да се издигне над целата ситуација ќе покаже времето. Би сакал да бидам оптимист и да се надеваме дека конечно состојбите во правосудството ќе тргнат во нагорна линија и дека ќе почнеме вистински да ги чувствуваме придобивките од владеењето на правото“, истакна Кекеновски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img