домаМакедонијаКазино веќе не смее да има поблиску од 500 метри од училиште...

Казино веќе не смее да има поблиску од 500 метри од училиште — поминаа измените во Законот за игри на среќа

- Advertisement -spot_img

Собранието вечерва со 59 гласа „За“ и 9 гласа „против“ ги усвои измените во Законот за игри на среќа, со кои казината повеќе не смеат да се лоцирани поблиску од 500 метри од училиштата.

Со новите прописи се забрануваа рекламирањето на излозите на коцкарниците, како и рекламите со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или за брза заработка.

Со законските измени секој апарат ќе мора да има задолжителен систем за локација, односно GPS, со цел тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи. Исто така, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, а се воведуваат и нови финансиски давачки за отворање на уплатно-исплатни места.

Предлог-законот предвидува и зголемување на износите на банкарските гаранции, како и имплементација на препораката MONEYVAL на Советот на Европа, како дел од стандардите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Со овие измени, според власта, треба да се обезбеди поголема контрола врз секторот, намалување на ризиците од злоупотреби и поголема заштита на младите од влијанието на игрите на среќа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img