Пристигнувајќи на прес-конференција со автобус од јавното претпријатие за автобуски градски превоз, градоначалникот на Тетово и кандидат за нов мандат, Биљал Касами, најави модернизирање на јавниот автобуски превоз.
„Јавниот превоз во Тетово порано беше нефункционален, но денес е реалност во развој. Во првиот мандат го изградивме од темел, додека во вториот мандат целосно ќе го модернизираме. Ќе набавиме 5 автобуси и 5 електрични минибуси, за да ја прошириме урбаната мрежа и да ги вклучиме планинските села. Со нив го намалуваме загадувањето и придонесуваме за поквалитетна животна средина во Тетово и за развој на туризмот во планинските села. И пред сè, јавниот превоз ќе биде бесплатен за сите граѓани на Тетово“, истакна Касами.
И со други мерки ќе се подобрува квалитетот на воздухот и животната средина.
„Ќе изградиме нова модерна автобуска станица на Урбан блок 58, функционална, безбедна и интегрирана со мрежата на јавен превоз. Во согласност со планот за мобилност, создаваме посебни ленти за јавен превоз и велосипеди на главните булевари на градот. Инсталираме ЕКО – зелени трафостаници на најпрометните точки за подобрување на квалитетот на воздухот. Го извлековме Тетово од бездната и го изнесовме на виделина. Сега е време да го доведеме на ниво на европски град. Постои само еден пат напред, со Второто поглавје за развој, уште подобро, уште повеќе, уште посилно, истакна Касами.






