Канадски државјанин доби кривична пријава од СВР Куманово, бидејќи противправно набавил и присвоил фрагмент од камен кој претставува културно наследство.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Џ.А.С.(37) од Канада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’’.
На 28.08.2026, пријавениот противправно набавил и присвоил фрагмент од камен песочник, кој претставува културно наследство, со намера да го изнесе од државата без дозвола од надлежен орган.






