Да дојде најдобриот обвинител на светот, сам не може ништо да работи, бидејќи тој е само на врвот на системот, рече професорот Гордан Калајџиев во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Важно му е надолу, важен му е изборот како ќе работи обвинителството во организиран криминал, важно му е Скопје како најголемо. Ќе беше добро изборот во Скопје да се правеше на некој налин со влијание на државниот обвинител, многу е важно да имаат доверба меѓу себе и добра соработка меѓу главните обвинители“, смета Калајџиев.
Потоа, додаде тој, „градење на нови односи со МВР и завршување на една реформа почната порано“.
„Вие малку ги преценивте, овие реформи се козметички, за организациски работи. Тие системот не можат да го сменат“, потенцира Калајџиев.
Убеден сум дека по квалитетот, овие двајца кандидати, Савевски и Раичевиќ, толку отскокнуваа на некој начин од другите, препознаени се и во самата организација, и во судската и во обвинителската, и мислам дека ќе беше лош чекор ако беше направен поинаков избор, истакна професорот Гордан Калајџев во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.








