HomeМакедонијаКакви пораки испрати Руте од Скопје?

Какви пораки испрати Руте од Скопје?

- Advertisement -spot_img

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Скопје изјави дека НАТО Алијансата нема да дозволи создавање безбедносен вакуум во регионот, особено во време на засилени геополитички тензии поради конфликтите на Блискиот Исток и војната во Украина.

Ова го кажа на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Руте истакна дека НАТО останува цврсто посветен на заштитата на секоја земја-членка и на одржувањето на стабилноста на Западен Балкан.

„НАТО е посветен кон заштита на сите свои сојузници од каде и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Северна Македонија да го одигра својот дел“, изјави Руте на заедничката прес-конференција со претседателката Сиљановска-Давкова.

Тој ја пофали Македонија како сигурен и кредибилен сојузник, нагласувајќи дека земјата има значајна улога во регионалната безбедност и во заедничките напори на Алијансата.

„Северна Македонија дава повеќе од 2 проценти за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Сакам да ја поздравам поддршката на Северна Македонија за Украина. Мораме да соработуваме за да ја сочуваме нашата безбедност. Северна Македонија игра значајна улога во зачувување на безбедноста на Западен Балкан“, рече Руте.

Руте истакна дека НАТО Алијансата не е вклучена во нападите на Блискиот Исток, но посочи дека Иран развива капацитети за напаѓачки проектили што претставуваат ризик за Европа и со децении е извор на ескалации и нестабилност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img