HomeМакедонијаКако човечкото невнимание ги претвори дождовите во катастрофа?!

Како човечкото невнимание ги претвори дождовите во катастрофа?!

- Advertisement -spot_img

Човечки фактор, а не природна непогода се причините за поплавите во земјава сметаат екологистите. Македонија не е географско поднебје склоно на енормни врнежи тука не се води никаква грижа, не функционираат водните и месните заедници, нема редовно чистење на коритата и нема стручност вели Ванчо Стојаноски од ЕД Грашница кој додава дека во рок од еден месец три пати се излеала Коселска река во охридско што никогаш порано не се случило, и ова е ситуација која се повторува насекаде низ земјава периодов.

Поплавите направиле огромна штета кај земјоделците кои од нивите ја црпат главната егзистенција. “Си играме со човечки судбини” додава Стојаноски и апелира инситуциите да се ангажираат во текот на целата година од терен а не само од канцеларија и редовно да ја сервисираат состојбата со речните корита низ цела држава.

Меѓу факторите кои директно учествуваат во ситуацијата се и масовната сеча на шуми бидејќи голите ридови веќе не можат да ја апсорбураат атмосферската вода, реките се претворени во диви депонии, а системите кои треба да ги штитат земјоделските површини и градовите не се чистат редовно со што ја губат својата примарна функција. Згора на се’ се бетонизира и гради во зоните каде реките природно треба да се излеваат и го оневозможуваат природниот одвод.

Последните излевања на реките најголема штета направија токму во југозападниот регион, а најкритично поминаа Кичево и Охрид.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе локации низ земјава е забележано зголемување на водостоите на реките.

Најтешка е состојбата во Кичево, каде се евидентирани 250 евакуирани лица, односно 63 семејства. На нив им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка.

Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа. Пожарно-приклучни и спасувачки екипи вршат испумпување на вода од подруми по пријави од жителите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img