Малолетник од Куманово заработи кривична пријава, откако полицијата кај него пронашла марихуана и кокаин.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, се наведува во полицискиот билтен.
Вчера (28.04.2025) во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.







