Прашањето за статусот на македонското малцинство и понатаму останува чувствителна тема во односите меѓу Бугарија и Македонија, со различни толкувања околу идентитетот, правата и историските аспекти. И додека Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија, во меѓувреме, едногласно е прифатен предлогот на Обединетата македонска организација–„Илинден“, насловен, тековна репресија врз македонското малцинство во Бугарија и барање за официјално извинување од Бугарија за нејзините злосторства за време на комунистичкиот режим.
ЕВРОПСКАТА СЛОБОДНА АЛИЈАНСА (EFA) ПОВИКУВА ЗА:
Висока свест: Неопходни се концентрирани напори за истакнување на сериозната ситуација со човековите права на македонското малцинство во Бугарија.
Правна одговорност: Европската Унија мора строго да ја повика Бугарија на одговорност за нејзините правни обврски како земја-членка на ЕУ, особено во врска со обврските за човековите и малцинските права кои Бугарија постојано не успева да ги исполни.
Ставање крај на двојните стандарди: Прекин на примената на двојни стандарди од ЕУ кон земјите-членки и земјите-кандидати во врска со заштитата и третманот на националните малцинства и унапредувањето на нивните права.
Официјално извинување за историските злосторства: Барање Бугарија официјално да се извини за злосторствата што ги извршила врз своето македонско малцинство за време на комунизмот.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак во однос на прашањето за причините за блокада на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денес од Виница истакна дека „тоа е политика што трае со децении“ и посочи дека за причините зад ваквиот чекор на официјална Софија треба да се прашаат бугарските власти, но упати критики до претходното раководство во државата.
Инаку, Мицкоски завчера информираше дека Акцискиот план за малцинства е веќе подготвен и усогласен со експерт од Европската комисија. Документот има неофицијална поддршка од 26 земји-членки на Европската унија, со исклучок на една држава.








