1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаИзет Меџити: Скопје добива нов Универзитетски кампус и подземен паркинг на плоштад...

Изет Меџити: Скопје добива нов Универзитетски кампус и подземен паркинг на плоштад „Скендербег“

- Advertisement -spot_img

65 милиони евра обезбедени за два стратешки проекти

Скопје влегува во нова развојна фаза – обезбедени се 65 милиони евра за изградба на Универзитетски кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ и подземен паркинг на плоштад „Скендербег“. Овие два стратешки проекти, како што истакна министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Иџет Меџити, ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на главниот град.„

Овие проекти поставуваат нови темели за урбаната и образовната модернизација на нашиот град и означуваат клучен момент за стратешкиот развој на Скопје. Со оваа посветеност отвораме нова фаза во која визијата за функционален, иновативен и развоен град станува реалност,“ изјави Меџити.

Средба за координација и конкретни чекори

Во таа насока, денеска Меџити одржа важна средба со министерот за транспорт и врски Александар Николовски, директорот на Градежниот инспекторат и претставници од Општина Чаир. На состанокот биле договорени конкретни чекори што ќе овозможат итен почеток на реализацијата на двата проекти.

Национално и стратешко значење

Проектите се оценети како од национално и стратешко значење, а нивната имплементација ќе биде овозможена благодарение на интеринституционалната координација и заедничка посветеност. „Ги исполнуваме ветувањата и ја претвораме визијата во реалност,“ порача Меџити.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img