Со цел реализација на предвидените активности согласно Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, на денешната 15-та седница на Државната изборна комисија ја донесовме Одлуката за објавување на описите на избирачките места.
Во тек се активностите за заклучување на Избирачкиот список и потврдување на кандидатурите, а ждрепката за утврдување на нивниот редослед ќе ја направиме на јавна седница најдоцна до 23 септември.
Во постојана координација сме со ОИК Брвеница и сите надлежни институции, со што сите потребни услови ќе бидат навремено обезбедени за граѓаните на општина Брвеница на 18 октомври непречено да го остварат своето право на глас.






