домаХроникаИзбегал од затвор во Прилеп, но го фатиле во кражба на маркет...

Избегал од затвор во Прилеп, но го фатиле во кражба на маркет во Битола

- Advertisement -spot_img

Полицијата го барала по бегството од затвор, а го пронашла при истрага за кражба во маркет во Битола. Триесет и петгодишен маж, кој бил баран по потерница, е приведен заедно со уште едно лице, откако од продавница биле украдени околу 30 штеки цигари.

Полициски службеници од СВР Битола на 24 јули ги лишиле од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола. Тие се осомничени дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“.

При претрес во домот што го користеле осомничените биле пронајдени украдените цигари. Производите потоа му биле вратени на сопственикот на маркетот.

- Advertisement -

Дополнителната полициска проверка открила дека Ѓ.З. се бара по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп. Тој во установата издржувал затворска казна во траење од осум месеци.

По приведувањето, 35-годишникот бил спроведен назад во прилепскиот затвор. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосното документирање на случајот против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img