домаХроникаИнциденти во тетовско: Физичка пресметка по расправија на социјални мрежи, па и...

Инциденти во тетовско: Физичка пресметка по расправија на социјални мрежи, па и вооружен инцидент

- Advertisement -spot_img

На 05.05.2026 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.С. (31) од село Стримница, тетовско, пријавил дека околу 12:00 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце бил физички нападнат од А.Ш. (25) од Тетово, Ј.А. и малолетно лице, по претходно недоразбирање на социјални мрежи. При нападот, тој се здобил со повреди констатирани во Клиничкиот центар Тетово.

Околу 14:30 часот, А.Ш. и малолетникот сами се пријавиле во полициска станица. По извршен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат, тој бил пуштен, додека А.Ш. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Во одделен настан, истиот ден во 20:25 часот, сопругата на В.С. пријавила дека во нивниот двор во село Стримница, две маскирани лица кои се движеле со мотоцикл пукале со огнено оружје и потоа побегнале.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img