Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У. (44) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 21.03.2026 година во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило удрил во три лица, при што тие се здобиле со повреди.
Во одделен случај, на 05.05.2026 година во 19:00 часот на улицата „Марко Деспотоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода К.Ј. (65), Р.Ј. (64), А.Ј. (26) и Г.Д. (25), сите од Прилеп.
Тие се сомничат дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир преку меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.








