домаРегионИнциденти во Албанија на почетокот на изградбата на комплексот на зетот на...

Инциденти во Албанија на почетокот на изградбата на комплексот на зетот на Трамп

- Advertisement -spot_img

Со инциденти мина отворањеро на градилиштето на компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер која почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија.

Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето. На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира.

Проектот го развива компанијата „Афинити партнерс“, која претходно беше поврзу вана и со најавите за изградба на Трамп кула во Белград.

Компанијата купила земјиште на островот Сазан, најголемиот остров во Албанија.

Планот е поранешната воена база да биде претворена во луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра.

„Лајме јаворе“ претходно напиша дека рокот за изведба бил продолжен до крајот на 2028 година поради тензиите. Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека островот Сазан никогаш не бил заштитетно подрачје освен за војниците во времето на Енвер Хоџа.

Според медиумските извештаи, одморалиштето треба да се гради во близина на заливот Нарта, подрачје познато по ретките растителни и животински видови.

Токму поради тоа активисти и граѓани протестирале против почетокот на изградбата.

И покрај протестите, албанските власти немаат намера да го стопираат проектот.

Според проценките на владата во Тирана, изградбата ќе продолжи според планот, а луксузното одморалиште треба да биде завршено во 2028 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img