HomeХроникаИнцидент во Центар: Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со...

Инцидент во Центар: Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода

- Advertisement -spot_img

Малолетник бил физички нападнат на подрачјето на Центар, откако претходно заедно со другари фрлил  балон наполнет со вода кон лице кое управувало мотоцикл.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 април 2026 година околу 21:00 часот од страна на неговиот татко, М.З. (57) од Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 15:15 часот.

Откако балонот го погодил мотоциклистот во задното тркало, тој застанал и почнал да ги брка децата. Го стигнал пријавениот малолетник и физички го нападнал, а потоа се обидел да прегази друго дете, кое успеало да избега.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img