9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаIFESD-14: АД МЕПСО ги претстави визијата и чекорите кон модерна и климатски...

IFESD-14: АД МЕПСО ги претстави визијата и чекорите кон модерна и климатски неутрална мрежа

- Advertisement -spot_img

Генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи, учествуваше на 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14), кој се одржа под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ и обедини повеќе од 600 учесници од 70 држави ширум светот.

На панел-дискусијата посветена на иднината на енергетските системи, Љатифи ја презентираше визијата на МЕПСО за модерен, отпорен и интелигентен електропреносен систем, подготвен за новите предизвици на енергетската транзиција.

„Отпорноста, флексибилноста и координацијата се клучни принципи за сигурно и доверливо функционирање на електропреносниот систем,“ истакна Љатифи во своето обраќање.

Тој посочи дека МЕПСО активно работи на оптимизација на напонскиот профил, модернизација на SCADA системот и интеграција во европските платформи за балансирање, со што се зајакнува оперативната сигурност и подготвеноста на мрежата за иднината.

„Мрежата ќе биде систем од системи – поврзана, интелигентна и флексибилна. Така ја градиме идната, климатски неутрална енергетска инфраструктура,“ порача Љатифи.

Форумот IFESD-14 претставува глобална платформа за размена на знаења и искуства меѓу водечките компании, експерти и институции во енергетскиот сектор, насочена кон забрзување на одржливата енергетска транзиција и зголемување на регионалната соработка

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img