домаСпортИ во Албанија шефот на судиите е странец

И во Албанија шефот на судиите е странец

- Advertisement -spot_img

Шпанецот Бернардино Гонзалес Васкез е новиот шеф на судиската организација на Албанија, со што фудбалот и во оваа земја ангажираше странски експерт кој ќе го набљудува и развива судењето на фудбалските стадиони.

Ангажирањето на реномирани поранешни судии во земјите од Балканот стана практика со која домашните федерации сакаат да добијат неутрални судии на фудбалските натпревари. Без разлика на тоа што во сите земји веќе со години е имплементирана ВАР-технологијата, сепак странските авторитети се ангажираат за да се купи мирот кај публиката и фановите, кои во секоја сезона најгласни се токму за судиските грешки и неправди.

Македонија останува на листата на земји кои им веруваат на домашните „експерти“, па така со Косово и Црна Гора (тие и ВАР немаат), сме единствените кои сè уште не бараат „странци“ за шефови на судиите. Во регионот веќе се ангажирани: Де Блекере (Србија), Ентони Тејлор (Турција), Матео Трефелони (Бугарија), Стефан Лану (Грција), Бернард Лајек (Хрватска), Кирос Васарас (Романија).

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img