Полицијата расчисти случај на насилство во скопското село Копаница, по што кривично се пријавени три лица од Буковиќ. Еден од пријавените, 34-годишен жител на селото, е во домашен притвор, додека полицијата презема мерки за пронаоѓање и на другите двајца осомничени.
Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, на 12 август 2026 година во село Копаница, 34-годишниот С.Ј. со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од селото Арнакија.
Во исто време, другите двајца пријавени, според полициските наводи, со тврди предмети го оштетиле возилото на 25-годишникот.
По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот С.Ј.
Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка домашен притвор.
Полицијата продолжува со преземање мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на другите двајца пријавени.






