Ампутации, оштетување на очи, очен притисок, срцеви компликации-дел од коморбидитетите со кои лицата со дијабетес секојдневно се соочуваат. Велат дека борбата со болеста значително би им се олеснила доколку имаат автоматски инсулински пумпи, најпотребни за лицата со дијабетес тип еден, кои значително помагаат на регулација на гликемијата во крвта.
Постои хроничен недостиг од антидијабетна терапија, предупредуваат од здружението на дијабетичари, велат во државата ја нема. Добрата вест според нив е што месецов почнува дистрибуцијата на новите глукомери.
Прва пациентска конференција на тема коморбидитети кај дијабетесот на која лекари и пациенти ќе разменат искуства, а по повод 25 години постоење на Сојузот на дијабетичари, ќе се одржи на 20 и 21 март. Ќе присуствуваат и претставници од светската дијабетес-федерација. Четврт век борба, сила, надеж и посветеност на пациентите да истраат во борбата со болеста.








