домаТехнологијаHonor го претстави новиот елегантен и моќен таблет Honor Pad X8b

Honor го претстави новиот елегантен и моќен таблет Honor Pad X8b

- Advertisement -spot_img
Искусете премиум дизајн, FullView екран со заштита за очите, батерија со голем капацитет, паметен MagicOS 10.0 и HONOR Kids – сето тоа во ултра-тенок таблет

Глобалниот технолошки бренд Honor го претстави Hонор Pad X8b, втората генерација од својата серија паметни таблети. Дизајниран со премиум функции, овој модел носи импресивен екран прилагоден на корисникот, батерија со голем капацитет, моќен хардвер и врвен аудио систем. Комбинира беспрекорно корисничко искуство со елегантен дизајн, а е наменет за сите што бараат таблет со високи перформанси и модерен изглед.

FullView екран со висока стапка на освежување и заштита за очите

Опремен со 11-инчен HONOR Eye Comfort FullView екран, Hонор Pad X8b нуди однос екран-тело од 84% и резолуција 1920×1200. Овие спецификации обезбедуваат живописни прикажувања со широк агол на гледање, додека стапката на освежување од 90 Hz овозможува исклучителна реактивност на интерфејсот. Оваа комбинација го елиминира доцнењето во одзивот и заматувањето на движењето, правејќи го уредот идеален за брзо играње видео игри, како и за гледање акциони филмови.

HONOR Pad X8b интегрира четири технологии за заштита на очите, вклучувајќи ја функцијата Ambient Light Eye Care која ја прилагодува осветленоста според делот од денот за да го намали заморот на очите. E-Ink режимот овозможува чувство како читање книга и поголема удобност при слаба светлина, додека дополнителна сигурност при долготрајна употреба обезбедуваат TÜV Rheinland Low Blue Light (Software Solution) и Flicker Free сертификатите.

Батерија со голем капацитет и моќен хардвер за долготрајни перформанси

Hонор Pad X8b го покренува Qualcomm® Snapdragon® 680 чипсет, кој носи подобрени CPU и GPU перформанси за мазно мултимедијално искуство, додека батеријата со капацитет од 10.100 mAh овозможува долготрајна и непрекината работа и забава, со до 97 дена во режим на мирување и дури 21 час репродукција на онлајн видео содржини, што го прави идеален избор за современи корисници кои сакаат целодневна забава без прекин.

Издржливо метално куќиште

Hонор Pad X8b со метално куќиште со врвен квалитет и висока издржливост комбинира современ дизајн и материјали на ниво на премиум уред и нуди и стил и исклучителна долготрајност. Со тежина од само 499 g и ултра-тенок профил од 7,25 mm, уредот е лесен за носење без компромис во цврстината. Металното куќиште, изработено со примена на најнова технологија за интеграција на материјали, носи подобрување на структурната цврстина од 90%, обезбедувајќи врвна отпорност на падови, притисок и вода. Ова е независно потврдено од швајцарската компанија SGS, која му додели сертификати за отпорност на падови и притисок – првпат во индустријата. Со 60% поголема отпорност на падови, 30% поголема отпорност на притисок и 30% подобрена отпорност на вода, уредот е подготвен за секојдневни предизвици.

HONOR Kids: безбедна и здрава дигитална средина за деца

Дизајниран со фокус на безбедноста и развојните потреби на децата, HONOR Kids на HONOR Pad X8b создава сигурна, прилагодлива и пријатна средина за очите, овозможувајќи им на родителите безгрижност додека децата безбедно истражуваат, учат и се играат. HONOR Kids нуди контролирана средина со двослојна лозинка за родителска контрола и детални извештаи за учење кои овозможуваат брз увид во навиките и интересите на детето. Овој простор овозможува прецизно управување со времето на користење (вклучувајќи правила за работни денови и викенди), поставување апликации во специјален „Kids’ Playground“ режим и пристап до внимателно одбрана содржина, со посебен фокус на благосостојбата на детето благодарение на HONOR Eye Comfort FullView Display екранот. Со напредни функции за заштита на очите, како филтри за сина светлина, E-Book режим и предупредувања за правилно држење на телото, растојание од екранот и осветлување, таблетот им помага на децата да развијат здрави дигитални навики во безбедна и поттикнувачка средина.

Моќен систем со четири звучници за врвно аудио искуство

HONOR Pad X8b импресионира со систем од четири звучници кој, со HONOR Sound технологијата, обезбедува богат и слоевит аудио доживување, внимателно подесено за врвен квалитет на звук. Со Hi-Res Audio сертификат, репродукцијата е исклучително јасна и прецизна, додека функцијата за паметно подобрување на гласот дополнително ги истакнува вокалите во средните фреквенции и ја намалува позадинската бучава за подобро слушање.

Го покренува Snapdragon 8 Cores чипсет

HONOR Pad X8b го покренува Qualcomm Snapdragon 680 4G мобилната платформа, која обезбедува стабилни перформанси за секојдневен мултитаскинг, стриминг и полесно играње игри. Со осмојадрен процесор (4 × Cortex-A73 на 2,4 GHz + 4 × Cortex-A53 на 1,9 GHz) и Adreno 610 графика, уредот овозможува брза реакција и ефикасна потрошувачка на енергија. Чипсетот особено се истакнува во енергетската ефикасност, овозможувајќи подолго траење на батеријата и непречена работа дури и со понапредни апликации.

MagicOS 10.0: зголемете ја продуктивноста со Gemini

HONOR Pad X8b, кој работи на MagicOS 10.0 систем базиран на најновата Android верзија, носи подобрено корисничко искуство со поддршка за вештачка интелигенција, максимално искористувајќи го хардверот преку функции како Gemini асистент, кој паметно го оптимизира мултитаскингот на поделен екран и овозможува пребарување информации директно на екранот без промена на апликации. На 11-инчниот екран, App Extender ги прилагодува неподдржаните апликации на хоризонтален приказ за да се намалат црните рамки, додека Multi-Window овозможува истовремен приказ на до три апликации. One-Swipe Split-Screen овозможува брзо активирање со повлекување од долниот раб, со можност за зачувување на распоредот на почетниот екран и користење прилагодливи пловечки прозорци. Дополнително, системот вклучува Dynamic Shortcuts за брз пристап до најчестите акции и Dynamic Folders за организација на почетниот екран според навиките на корисникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img