HomeМакедонијаХоџа: Немам договор со Ахмети да го наследам на лидерската позиција во...

Хоџа: Немам договор со Ахмети да го наследам на лидерската позиција во ДУИ, никој во Мала Речица не се плаши од Груби

- Advertisement -spot_img

Кривична пријава за министерот за правда Игор Филков најавува потпретседателот на ДУИ Аријанит Хоџа во 24 Анализа. Хоџа вели дека Филков го прекршил законот за употреба на јазиите и во Мала Речица се дебатирало на таа тема.

„Ние имаме закон за употреба јазиците кој што Филков го прекрши, неколку дена во најтесното раководство разговараме за кривична пријава за Филков, иако тоа треба да биде работа на институиците, однсоно инспекторатот за следење на употреба на јазиците, но тој иако требаше да бид енезависен е под Филков“, вели Хоџа за 24 Анализа.

Хоџа е дециден дека ДУИ нем ада дозволи да помине законот з арамноправна застапеност во Собранието, бидејќи вели е штетен за Албанците.

„Од блокада на Бадинтер, до амансмнаи, па и протести се е на маса и во игра, тој закон е штетен за Албанците и нема да дзоволиеме да помине, вели Хоџа.

Според потпретседателот на ДУИ е дециден дека Али Ахемти од Тирана со пораката дека „македонија не ада опстане без Албанците не се заканува, туку предупредува дека ОХридскиот договор се урива и е вон сила.

Истрагата за Артан Груби е преседан , не може да одговара за колектвина одлука на Влада, вели за 24 Анализа потпретседаелот на ДУИ Аријанит Хоџа. Хоџа тврди дека нема „дил“ за враќањето на Груби и дека не го прашал Ахемти дали има договор.

„Враќањето на Артан Груби нема врска со политички договор. Да има дил треба некој да е виновен, з ада се договараш, а Груби не е . Не верувам дека некој во Мала Речица се плаши од Груби, тоа се спинови на Вреди немајќи да покажат резултати од владеењето. Ставот на ДУИ е јасен , секој кој направил кривично дело што може да се докаже пред суд треба да одговара. Но истрагата за Груби е срамота. Имало причина за заминувањето имало белешка од Анб за загрозување на безбедноста“ – вели Хоџа.

Хоџа порачуцва дека барање за екстрадиција Македонија треба да прати за сите бегалци, вклучително и за Никола Груевски. Порачува дека бидејчи Груевски досега секогаш вели дека е невин, редно е да се врати и да ја докаже својата невиност.

Потпретседателот на ДУИ не сакаше да го комнетира „чувството на Мицкоски за апасења во СДСМ“, но тврди нема пазар меѓу Мицкоски и Ахмети . Вели тајна среднба немало со премиерот, а Ахмети последен пат се видел со Филипче пред лидерската средба кога му понудил на првиот интегратвец „европски опозициски фронт“, додека со Вреди саркастично вели не се знае лидерот со кого би имало средба.

Хоџа со порака до своите сопартијци во ДУИ не станал ДУИ за да ја преземе лидерската позиција ниту пак за да преживее политички туку од принцип, бидејќи со влезот на Вреди во Владата како губитници во албанскиот кампус се нарушил политичкот баланс.

„Немам амбиции да ја преземам ДУИ, а во ДУИ никој во моментов нема такви амбиции , и таква дебата е само дефокус во моментов. Не сум дојден и немам договор со Ахмети за спојување на партии за таа цел“ – вели Хоџа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img