Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во Ла Лига.
Валенсија објави дека постигнала договор со Агуире за преземање на тимот за кој настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
COMUNICADO OFICIAL | JAVIER AGUIRRE
🔗 HTTPS://T.CO/61KFSP0GXE#BENVINGUTAGUIRRE#ADNVCF PIC.TWITTER.COM/8CNBUUSASR
— VALENCIA CF (@VALENCIACF) SEPTEMBER 23, 2026
„Валенсија постигна договор со Хавиер Агуире за функцијата тренер на првиот тим. Мексиканскиот стратег потпиша договор до крајот на оваа сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона“, соопшти клубот.
Агуире зад себе има огромно искуство во шпанскиот фудбал, каде што во минатото ги предводеше Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол и Мајорка.
За него ова ќе биде ново поглавје во Ла Лига, а пред искусниот Мексиканец е задачата да ја стабилизира Валенсија и да ги оствари целите на клубот до крајот на сезоната.
Договорот е со важност до летото, но Валенсија има можност да ја продолжи соработката за дополнителна сезона доколку двете страни бидат задоволни од резултатите.
Извор: sportmanija.mk






