HomeМакедонијаГТЦ „живее“ на кредити, задолжувањето зголемено за повеќе од милион евра

ГТЦ „живее“ на кредити, задолжувањето зголемено за повеќе од милион евра

- Advertisement -spot_img

Долгорочното кредитно задолжување на АД ГТЦ за една година се зголемило за повеќе од еден милион евра. Ова го покажува билансот и извештајот за годишното работење за 2025 доставено до Македонска берза од страна на акционерското друштво кое го менаџира шопинг центарот во срцето на Скопје.

Во графата „Обврски за долгорочни кредити и хартии од вредност“ наведено е дека од 104,5 милиони денари на крајот на 2024, задолжувањето се зголемило на 172 милиони денари до крајот на минатата година, односно на околу 2,8 милиони евра.

„Кредитното задолжување во 2025 година споредбено со последниот годишен ревидиран финансиски извештај е поголемо за 67 проценти“, гласи коментарот на АД ГТЦ во придружниот извештај објавен во петокот.

Загубата од ланското работење е 300.000 евра, но според управата тоа е успех, бидејќи таа е намалена.

„Во 2025 година Друштвото оствари загуба пред оданочување во износ од 18.381.098 денари, што претставува подобрување од околу 6 милиони денари, односно намалување на загубата за приближно 25 отсто во однос на 2024 година“, нагласено е во коментарот за остварениот резултат.

Неколку пати, како најголем проблем во ГТЦ се споменуваше превработувањето, нешто што не се решава, бидејќи бројот на вработени оди нагоре и лани изнесуваше 220 вработувања. Трошоците за нето плати се 80.579.516 денари кои се за 5 проценти поголеми во однос на претходната година,

Работењето со загуба следува и покрај тоа што се остварени зголемени приходи, иако кај комуналните услуги има пад од 3 посто и се сведени на 3 милиони евра.

„Во текот на 2025 година, Друштвото оствари вкупни приходи во износ од 268.929.218 денари што претставува зголемуваwе од 2,7 отсто во однос на 2024 година. Растот на приходите се должи пред се на зголемените приходи од паркиралишта и сообраќајни услуги, повисоки приходи од закуп на деловен простор, подобрена искористеност на конференциските капацитети, како и значително зголемуваwе на финансиските приходи“, додаваат од таму.

Во 2024 за нов директор на ГТЦ беше назначен Никола Соколовски, кој дојде заедно со комплетно променет Управен одбор, со сега има седум наместо претходните шест членови. Покрај Соколовски, членуваат и Ферик Белули, Јован Лукаров, Катица Грче, Виолета Блажевска, Васе Ангеловски и Александар Тасев.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img