Од утре почнува зимскиот режим на зонско паркирање во Скопје.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги извести граѓаните дека од утре ќе стапи во сила зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско.
Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:
– од понеделник до петок – од 07:00 до 21:00 часот,
– во сабота – од 07:00 до 14:00 часот.
Во зоната Д, работното време останува исто, од понеделник до сабота – од 07:00 до 23:00 часот.
Од претпријатието апелираат возачите навреме да ја извршат наплатата при паркирање, за да избегнат дополнителни казни и проблеми.









