Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес оствари прием со фаќачот на Светиот крст, Петар Чакарески, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во пријатна и пријателска атмосфера, градоначалникот му посака на Чакарески успешна, здрава и бериќетна година, нагласувајќи дека ваквите настани имаат особено значење за заедницата. Тој истакна дека празниците и традициите ги обединуваат граѓаните и претставуваат вистинска вредност за Струга, град во кој со почит и соживот живеат различни вери и култури.
Од Општина Струга порачуваат дека и во иднина ќе продолжат да ги негуваат меѓусебното разбирање, почитта и заедништвото како темели на едно силно и сплотено општество.








