Во Фејсбук групата „ѕид на Кисела Вода“ граѓани во повеќе наврати објавуваат дека некој расфрла отров низ општината, веројатно со цел да се отрујат улични кучиња. Отровот не претставува опасност само за животните, туку и за луѓето, бидејќи и мали деца се движат на локациите каде е забележан отров. Пронајдени се тела на две угинати бездомни кучиња. Истите биле маалски миленици и за нив се грижеле група граѓани. Случајот е пријавен во полиција и информирани се надлежните со што апелираме итно да се превземат мерки.








